лост | м.

Железен или дрвен стап што се користи за одделување, подигање или поместување на нешто.

лотарија | ж.

Игра на среќа со извлекување нумерирани лозови. Државна лотарија. Доби на лотарија.

лоткар | м.

Лице што управува со лотка. На крмата седеше лоткар. Лоткарот мавташе со веслото.

лото | ср.

Игра на среќа со извлекување броеви.

лотос | м.

Водно растение со големи бели цветови, што расте во водите на топлите краишта; Nymphaea lotus.

лотосов | прид.

Што припаѓа, што се однесува на лотос. Лотосов цвет.

лоцира | св. и несв.

Смести, сместува нешто на определено место, определи, определува место на нешто.

лочка | несв.

Силно стиска, гмечи. Ги земаше листовите еден по еден и ги лочкаше со прстите.

лочка | ж.

Течност разлеана по површината на нешто; локва Лочка крв.