лудоделија | м.

Млад човек, тој што постапува неразумно, неодмерено. Беше бекрија лудоделија.

лудорија | ж.

Непромислена постапка, немирнотија, палавост. Децата на снегот правеа бесмислени лудории. Карневалски лудории. Гимназијалците цел месец зборуваа за лудоријата што ја направиле.

лудост | ж.

Состојба или постапка на луд, душевно болен. Бесна лудост. Кротка лудост.

лудува | несв.

Прави лудости. Децата лудуваа во дворот. Лудуваа во кафеаната до зори.

Лужица | ж.

Област во средна Европа.

Лужички Србин | м.

Припадник на словенска етничка група од Лужица.

лузна | ж.

Трага на кожата од зарасната рана. Длабока лузна. Лузна на лицето. Лузни од сипаници.

лузно | ср.

лук | м.

Зеленчуково растение со подземно стебло во облик на главица од чешниња и зелени перца над земјата; Allium sativum. Леа со лук.Чешне лук. Мириса на лук.