бериќет | м.
Род, плод, благодат. Ако не фати суша и град, ќе има бериќет. Земјата раѓаше бериќет. Селаните го собраа бериќетот од нивите.
бериќетен | прид.
Многу плоден, плодороден. Бериќетна година. Бериќетно лето.
Берлин | м.
Главен град на Германија.
бермуди | и.
Летни, лесни панталони од шарен материјал што имаат ногавици до колена.
Бермуди | и.
Бермудски Острови | и.
Британски острови во Атлантскиот Океан.
Берн | м.
Главен град на Швајцарија.
Берово | ср.
Град во Македонија.
берокуќен | прид.
Што бере куќа, што печали.
берокуќник | м.
Тој што бере куќа, што печали; добар, вреден домаќин. Женачката е за берокуќници.