бес | м.
Гнев, лутина, јарост. Ќерката се обидуваше да го совлада бесот. Бесот му ги грчеше усните.Се тресеше од бес. Лутината се издигна до убиствен бес.
беса | ж.
Чесен збор, даден збор што се смета за светост во традиционалната култура на Албанците; ветување, заклетва. Крвната одмазда, бесата и побратимството ја штителе заедницата, но не и поединецот во неа. Ако се навистина од збор, ако во нив не умрела нивната исконска беса, тогаш и натаму ќе чади нашиов оџак. Ја исполни бесата.
бесалија | и.
Човек од збор.
Бесарабија | ж.
Историска област во Источна Европа, денес поделена меѓу Молдавија, Романија и Украина.
бесач | м.
Тој што беси, одзема некому живот со бесење.
бесвесен | прид.
Што е во бесвест, во бесознание, што привремено изгубил свест. Бесвесен лежеше на подот.
бесвест | ж.
Состојба на тој што е бесвесен; бесвесност, несвесност. Беше паднал во бесвест. Го дави до бесвест. Пијан до бесвест.
беседа | ж.
Говор при свечен собир, посебно подготвена реч. Тој одржа беседа за улогата на поетот и поезијата. Поздравна беседа. Збирка на излагања и беседи.
беседи | несв.
Држи беседа, држи говор. Таму ги учеа како да беседат.
беседник | м.
Тој што држи беседа, говорник. Тој се пројави како активен полемичар и беседник за актуелните книжевни прашања. Беседникот одржа беседа за делото на уметникот.