макраме | ср.

Вид преплет со врзување разни видови јазли.

макро | м.

Човек што се издржува од подведување жени за проституција.

макро- | претс.

Како прв дел од сложени зборови со значење голем, огромен, со голем размер; Макрокосмос. Макроструктура. Макроекономија.

макробиотика | ж.

Природен и здрав начин на исхрана и на живеење.

макробиотичар | м.

Тој што живее и се храни според правилата на макробиотиката.

макси | прид.

Во модата ‒ должина на здолниште или фустан до глуждовите на нозете; Максиздолниште.Секогаш носи фустан макси.

максима | ж.

Кратко искажана мудра мисла како принцип што се следи во животот.

максимала | ж.

Максимална граница на нешто.

максимален | прид.

Најголем, највисок, краен; Максимална издржливост.

максимализам | м.

Поставување највисоки барања.