мама | ж.
Назив за сопствената мајка обично во фамилијарни односи, мајка ми/ни. Мама ми кажа да учам.
мамеж | м.
маменица | ж.
Лага, измислица. Не кажувај ми маменици, ја знам вистината!2. Мамење. Тоа беше маменица, отпосле сфатив!
мами | несв.
Лаже, измислува. Ги мамеше дека нашол работа.
мамин | прид.
Што припаѓа на мама. Мамин син.
мамица | ж.
мамичка | ж.
мамка | ж.
Нешто со што се мами, Бараше мамки за риби.
мамлив | прид.
Лажлив. Се дружеше со сомнителни и мамливи луѓе.
мамуза | ж.
Метален дел на петицата на задниот дел од чизмите со кој се подбуцнува коњот при јавање. Го бодеше коњот со мамузите за да трча побрзо.