мануфактурен | прид.

Што се однесува на мануфактура. Мануфактурно производство.

мануфактурист | м.

Лице што продава мануфактура;

Манчестер | м.

Град во Велика Британија.

манџа | ж.

Зготвено јадење, обично чорбесто.

манџија | м.

Лице што наоѓа мани, пребирлив човек.

Манџурија | ж.

Географски регион во Североисточна Кина.

Маор | м.

Припадник на етничка група, домородно население на Нов Зеланд.

мапа | ж.

Географска карта.

Мапуто | ср.

Главен град на Мозамбик.

марабу | ср.

Голема тропска птица, со силен клун и гол врат, мршојадец; Leptoptilus.