Мариово | ср.

Област во Македонија.

марионета | ж.

Вид кукла што се движи со помош на конци или жици со која се изведуваат театарски, обично детски, претстави.

марифет | м.

Вештина, снаодливост, лукавство; шега. Со марифет успеа да ја избегне казната. Цела вечер изведуваше марифети и ги смееше.

марифетчија | м.

Лице што прави марифети. Голем марифетчија е!

марихуана | ж.

Суви листови од индиски коноп (Cannabis) што служат како наркотик.

марица | ж.

Полициска кола. Уапсените ги однесоа со марица.

Марица | ж.

Река во Бугарија и Турција.

марка 1 | ж.

Мало парче хартија на кое има знак, цена и сл., кое се лепи на писма, документи и др. и со кое се наплаќа определена услуга. Поштенска марка. Таксена марка.

марка 2 | ж.

Парична единица во некои земји.

маркантен | прид.

Впечатлив, забележлив, истакнат. Маркантен човек. Маркантни црти на лицето.