маркација | ж.
Обележување, означување, знак, обично на пат, правец и сл.
маркер | м.
Нешто што обележува, што служи за изделување.
маркет | м.
Пазар, саем, панаѓур.
маркетинг | м.
Систем на одлуки и мерки што се преземаат за подобар пласман на стоката и опфаќаат: истражување на пазарот, економска пропаганда, политика на цени и др.
маркиз | м.
Благородничка титула во Франција, хиерархиски помеѓу гроф и војвода.
маркиза | ж.
Сопруга или ќерка на маркиз.
маркизет | м.
Тенка проѕирна ткаенина што се користи за женска облека, завеси и сл.
маркира | св. и несв.
Обележи, обележува; означи, означува. Работниците го маркираа патот.
маркирант | м.
Лице што маркира.
маркица | ж.