маркичка 1 | ж.
Дем. од марка.
маркичка 2 | ж.
Документ во кој е обележан и дефиниран простор за градба, влезен во деталниот урбанистички план, во кој се дадени и димензиите на градежниот објект.
марксизам | м.
Учење, теоријата на Маркс и неговите соработници и следбеници за развојот на општеството што стана идеолошка основа на социјалистичките и комунистичките движења во светот.
марксист | м.
Приврзаник на марксизмот.
мармалад | м.
Каша од сварено зашеќерено овошје. Мармалад од кајсии. Направи мармалад од повеќе видови овошје.
мародер | м.
Лице што ограбува загинати и ранети војници.
марокен | м.
Мека козја кожа, обично се употребува за укоричување книги.
Мароко | ср.
Држава во Африка.
Марсеј | м.
Град во Франција.
март | м.
Трет месец во годината; цутар.