марта | ж.

Во изразот Баба Марта ‒ народно име за месецот март.

Мартиник | м.

Француски остров во Атлантскиот Океан.

мартинка | ж.

Различни видови украси изработени обично од бел и од црвен конец кои, по традиција, луѓето си ги врзуваат на 1 март како украс и за здравје.

мартир | м.

Сведок.

мартириса | св.

Сведочи, ја кажува вистината за нешто.

марула | ж.

Градинарско растение со зелена боја што се користи за салата; Lactuca sativa

марципан | м.

Вид слатки од бадем и шеќер.

марш | м.

Војничко ритмичко чекорење во строј; движење на воена единица кон определена цел.

марш | изв.

Наредба на војска. Напред марш!