мастурбација | ж.
Сексуално самозадоволување; онанија.
мат 1 | и.
Во шахот ‒ завршен потег кога се добива партијата, позиција кога нападнатиот крал нема можност за одбрана.
мат 2 | прид.
Без сјај, темникав; За фустанот одбра мат материјал. Матпудра. Мат ефект.
мат 3 | изв.
Извик со кој се повикува матицата на пчелата кога се рои. Мат, мат маро, мат!
матадор | м.
Главен борец во борба со бикови кој го нанесува смртоносниот удар.
матало | ср.
Стап за матење.
матарка | ж.
Метален сад (војнички или туристички) за вода што обично се носи при патување.
матафизичар | м.
Приврзаник на метафизичките погледи на светот.
матач | м.
Тој што мати.
матежина | ж.
Талог во течност. Матежината ја цедеа низ филтер.