математика | ж.
Наука за квантитативните односи и просторните облици во стварноста која опфаќа алгебра, аритметика и геометрија.
математичар | м.
Човек што се занимава со математика. Професорите математичари имаа состанок.
матен | прид.
За течност, стакло и сл. – што не е бистар; непроѕирен. Матна река. Матно стакло.
матеница | ж.
Пијалак направен од закиселено млеко обезмастено со матење
материја | ж.
(физ.) Тоа од што е составено физичко тело. Органска материја. Неорганска материја.
материјал | м.
Тоа од што се гради, произведува; граѓа. Градежен материјал.
материјален | прид.
Што се однесува на материја, што е од материја; физички. Материјален свет.
материјализам | м.
(филоз.) Филозофско учење според кое материјата е почеток и основа на сè; идеализам.
материјализација | ж.
Остварување, материјализирање.
материјализира | св. и несв.
Направи нешто да биде материјално, вистинско, реално; оствари. Успеа да ја материјализира својата идеја.