матов | прид.

Матов материјал.

маток | м.

Матна течност.

матор | м.

Овен или јарец постар од три години.

маторица | ж.

Женска свиња по првото опрасување до исклучување од приплод.

маторник | м.

Главна бразда во лозје каде се слева водата кога врне, место каде што се вади вода за вадење.

матоса | св.

Излаже, измами. Додека се свртев, ме матоса и ми ги зеде парите.

матријархален | прид.

Што се однесува на матријархат.

матријархат | м.

Период од развојот на првобитното општество кога роднинството и наследното право се сметало само по женска линија;

матрица | ж.

Калап за леење печатарски букви, пари и сл.