матричен | прид.
Што се однесува на матрица. Матричен печатач.
матув | прид.
(само во машки род) Сенилен, заборавен човек. Не можам, матув сум и не можам да одам.
матуви се | несв.
Станува сенилен, заборавен. На тие години сите се матуват.
матура | ж.
Завршен испит во средно образование, испит на зрелоста.
матурант | м.
Ученик во завршна година од средното образование; ученик што полага матура.
матурира | св.
Заврши средно образование; положи матура.
маузер | м.
Вид автоматски пиштол.
маузерка | ж.
Вид воена пушка.
мафија | ж.
Тајна криминална организација формирана на Сицилија во почетокот на XIX век.
махагон | ср.
Црвенкастокафеаво дрво од фамилијата Meliaceae од кое се изработува мебел.