махарана | ж.
Жена на махараџа.
махараџа | м.
Индиска владејачка титула, врвен владетел.
махер | м.
Снаодлив човек, мајстор, специјалист (често и во негативно значење). Тој е махер за компјутери.
махинален | прид.
Механички, ненамерно, несвесно. Махинално движење.
махинација | ж.
Постапка со која на нечесен начин се остварува некаква цел; измама. Се збогати со махинации.
махмудија | ж.
Стара турска златна пара.
мац! | изв.
За довикување мачки.
маца | несв.
дем. од мака.
маца | ж.
мацне | св.
Потопи. Го мацна лебот во кашата и го лапна.