маче | ср.

мачен | прид.

Што е со мака, тежок. Мачна работа.

маченик | м.

Тој што се мачи, што трпи, што пати. Цел живот беше маченик.

мачеништво | ср.

Трпење, поднесување маки, мачење, измачување.

мачи 1 | несв.

Создава некому мака, тешкотија (телесна или душевна); измачува. Го мачеа за да признае. Го мачеа тешки мисли.

мачи 2 | несв.

Раѓа, коти мачиња.

мачилиште | ср.

Место, просторија за мачење. Подрумот на зградата беше претворен во мачилиште.

мачило 1 | ср.

Мачење, труд, мака. Со мачила ги изгледа децата.

мачило 2 | ср.

Кот од мачка. Мачилото го фрлија во вода.