мачител | м.

Тој што мачи некого. Се појави суровиот мачител и сите се стресоа.

мачка | несв.

Покрива нешто со тенок слој течност или каша. Мачка путер на лебот.2. Нанесува нешто на лицето или на кожата со триење, масирање. Жената го мачкаше лицето со крем. Мајката го мачкаше детето со ракија.

мачка | ж.

Домашно животно што лови глувци; Felis domestica.

мачкалка | ж.

Направа за мачкање или за подмачкување.

мачканица | ж.

Тоа што се мачка. Уште малку остана од мачканицата.

мачкарник | м.

Место каде што има многу мачки.

мачкин | прид.

Што припаѓа на мачка. Мачкина шепа.

мачник | м.

Тој што страда, што се мачи; маченик. Мачникот бара спокојство.

мачнотија | ж.

Непријатно, мачно чувство или состојба, тешкотија, мака. Чувствуваше мачнотија во стомакот.