мачор | м.
Мажјак од мачка.
мачоров | прид.
Што припаѓа на мачор. Мачоров опаш.
маџун | м.
Густо сварено овошје со шеќер, вид мармалад, вид слатко. Маџун од сливи.
Маџуро | ср.
Главен град на Маршалските Острови.
маша | ж.
Метална направа со два крака што служи за расчепкување жар. Со машата го распрета пепелот.
машала! | изв.
За изразување восхит, пофалба; браво! Машала колку си нараснал!
машина | ж.
Орудие за работа управувано од човек што со движење на определени свои делови, претворајќи ја енергијата од еден вид во друг, врши некаква работа. Погонска машина. Парна машина.
машинерија | ж.
Делови од машина, механизам на машина.
машинист | м.
Човек што управува со машина, што работи со машина.
машинка | ж.
дем. од машина. Машинка за бричење. Машинка за потстрижување.