меѓучовечки | прид.

Што се однесува на две или повеќе лица, што поврзува две или повеќе лица. Меѓучовечки односи.

мед 1 | м.

Слатка, густа течност што ја произведуваат пчелите од сокот на цветовите. Шумски мед. Мед од костен.

мед 2 | м.

Бакар.

медал | м.

Метална тркалезна плочка, закачена на платнен дел што се прицврстува на облека или униформа, што се дава како награда за посебни заслуги. Медал за храброст.

медалист | м.

Спортист што освоил медал.

медалјон | м.

Мала тркалезна или овална плочка во којашто обично се става портрет и се носи на вратот како украс.

медар | м.

Производител и продавач на мед.

медарка | ж.

медар.

медарница | ж.

Продавница за мед.

меден 1 | прид.

Што содржи мед. Медени колачиња.