меѓукат | м.

Кат меѓу приземјето и првиот кат, мезанин; простор меѓу катови.

меѓународен | прид.

Што се однесува на повеќе народи, што засега повеќе народи, што поврзува два или повеќе народи; интернационален. Меѓународен сообраќај. Меѓународно право.

меѓунаслов | м.

Наслов во текст, меѓу делови од текст.

меѓунационален | прид.

Што се однесува на две или повеќе нации или на нивните меѓусебни односи. Меѓунационални односи.

меѓурегионален | прид.

Што се однесува на два или повеќе региони, што поврзува два или повеќе региони. Меѓурегионални патишта.

меѓурек | м.

Простор меѓу реки.

меѓуречен | прид.

Што се наоѓа меѓу реки.

меѓусебен | прид.

Што се однесува на односот меѓу две или повеќе лица; заемен. Меѓусебна соработка. Меѓусебни односи.

меѓутоа | сврз.

За поврзување реченици спротивно поставени. Станот е слободен, меѓутоа никој не го користи. Тој сакаше да се тепа, меѓутоа тие не му дозволија. Сакав да кренам раце од таа макотрпна работа, меѓутоа совеста не ми дозволуваше.

меѓутоа | чест.

За воведување нови содржини различни од претходно кажаното, со нијанса на спротивност или на различност навестени во наредната информација, на почеток на реченица или на почеток на нов пасус. Војната разгоруваше. Меѓутоа, само по неколку недели почна да се зборува за нови групи бегалци. Проектот дава целосен преглед на болестите на кардиоваскуларниот систем, меѓутоа, има и многу други истражувања што се пред нашите научници.