меден 2 | прид.

Што се однесува на мед2; бакарен.

медијатор | м.

Посредник, судија.

медијација | ж.

Посредување.

медикамент | м.

Лек, апче.

Медина | ж.

Град во Саудиска Арабија.

медиокритет | м.

Просечност.

медитација | ж.

Насочување на вниманието кон нешто и ослободување на мислите заради постигнување душевно спокојство или од религиозни причини; душевно набљудување; длабоко размислување.

Медитеран | м.

Меѓународно име за Средоземното Море, односно за регионот околу него.

медитира | несв.

Длабоко размислува, се предава на медитација.

медиум | м.

Средина во којашто некој или нешто се наоѓа.