медицина | ж.
Група научни области за проучување, за лекување и за заштита од болести на луѓето (хумана) и на животните (ветеринарна).
медицинар | м.
Студент на медицина.
медлика | ж.
Слатка материја што ја исфрлаат лисните вошки и други растителни паразити, остаток од растителните сокови со кои се хранат овие инсекти, се таложи во вид на капки најчесто на лисјата; медена роса.
медликовец | м.
Мед добиен од медлика, многу ценет во исхраната на човекот.
медовина | ж.
Алкохолен пијалак од мед, сличен на вино.
медоносен | прид.
Од кој пчелите собираат сок и прават мед. Медоносни растенија. Медоносни шуми.
медреса | ж.
Религиозно муслиманско училиште.
медуза | ж.
(мит.) Жена што на главата наместо коса има змии.
межник | м.
мезанин | м.
Кат меѓу приземјето и првиот кат; меѓукат.