мездра 1 | ж.

Пасиште, меѓа меѓу две ниви.

мездра 2 | ср.

Тенка кожичка; слузница. Во очите му се гледаше вкрвавена мездра.

мезе | ср.

Јадење што се служи покрај алкохолни пијалаци (обично пред јадење или меѓу оброци). Ракија без мезе не се пие.

мезети | несв.

мези | несв.

Јаде мезе. Јас не мезам кога пијам ракија.

мезозоик | м.

Трета ера од развојот на Земјата што се карактеризира со постоење огромни влечуги (диносауруси и сл.).

мек | прид.

Што ја менува лесно формата при притисок, удар, допир; тврд. Меко тесто. Мека глина.

мека | несв.

За коза – испушта глас ме.

Мека | ж.

Град во Саудиска Арабија.