мелник | м.

Воденички камен.

мелница | ж.

а) Специјална градба со машини за мелење брашно. б) Воденица.

мелничар | м.

Сопственик на мелница.

мелничарски | прид.

Што се однесува на мелница 1 и мелничар.

мелограф | м.

Собирач, запишувач на народни мелодии.

мелографија | ж.

Запишана народна мелодија.

мелографира | св. и несв.

Запише, запишува народна мелодија.

мелографски | прид.

Што се однесува на мелограф, мелографија и мелографирање.

мелодија | ж.

Ритмички поврзана низа од тонови што прави хармонично музичко единство; напев.

мелодика | ж.

Збир од карактеристични мелодии на една епоха, народ, автор и сл. Македонска мелодика. Барокна мелодика.