мелодичен | прид.
Што содржи мелодија; пријатен. Мелодична песна. Мелодичен глас.
мелодрама | ж.
Драмски текст со музичка придружба на монолозите и дијалозите.
мелос | м.
Музика, обично фолклорна. Македонски мелос.
мембрана | ж.
Тенка кожичка, преграда; ципа. Мембрана во увото.
мементо | ср.
Дел од католичката миса во кој свештеникот ги споменува живите и мртвите.
мемла | ж.
Влага, нем.
мемлив | прид.
Што се однесува на мемла. Мемлива визба.
мемоар | м.
Во политиката и во дипломатијата – писмено обраќање, известување, потсетник по усно излагање за некое прашање, по ранг најмалку формално дипломатско писмо;
мемоари | и.
Литературен вид во кој се изнесуваат сеќавањата на авторот за некои важни општествени или културни настани во кои учествувал тој или бил очевидец.
мемоли | несв.
Читаше мемолејќи со усните.