меморандум | м.
Дипломатски документ во кој се изнесува или се разјаснува некое барање, предлог или мислење за некое политичко прашање;сп. мемоар.
меморија | ж.
Паметење, помнење, сеќавање. Тој настан ми остана во меморијата.
меморијал | м.
Книга со спомени; потсетник.
меморијален | прид.
Што е направен, изграден за спомен, за сеќавање. Меморијален споменик.
меморира | св. и несв.
Запамети, памети; задржи, задржува во паметењето. Овој материјал никако не можам да го меморирам.
мена | ж.
Промена. Во нивниот однос имаше мени, но остануваа заедно.
менажерија | ж.
Ограден простор, кафез во кој се чуваат животни, обично во циркус или во зоолошка градина.
менаџер | м.
Директор на некое претпријатие; раководител на сектор. Менаџер на фирма. Менаџер за продажба.
менаџмент | м.
Раководење и организирање на работата за поуспешно остварување на одредени економски резултати.
менгеме | ср.
Направа за стегање прицврстена на подлога со две страни меѓу кои се стега предмет при обработка.