менѓуша | ж.

обетка.

мене | зам.

Долга форма од личната заменка јас; се употребува со кратките форми – мене ме и мене ми; и ми; со предлог оди сама. Мене ме бараат. Мене ми рекоа. За мене. По мене. До мене.

менза | ж.

Просторија за заедничка исхрана на повеќе лица со пониски цени за членови на некој колектив, организација и сл. Студентска менза. Работничка менза.

мензура | ж.

Сад, обично стаклен, за мерење на приближниот волумен на течностите.

мени | св.

Промени. Му го менија името.

мени | ср.

Список и ценовник на јадења во угостителски објект што им се дава на гостите за да изберат.

менингитис | м.

Воспаление на мозочната ципа.

менискус | м.

Плочка од цврсто сврзно ткиво во зглобот на коленото.

меница | ж.

Хартија од вредност со пропишана форма, со која издавачот се обврзува дека во утврдениот рок ќе ја исплати запишаната сума пари на лицето назначено на меницата или повикува друго лице да ја изврши исплатата.