меничен | прид.
Што е во врска со меница. Менични операции.
менлив | прид.
Што се менува. Тоа е менлива работа.
менора | ж.
Седмокрак или осмокрак свеќник, еден од симболите на јудаизмот.
менструален | прид.
Што се однесува на менструација. Менструален циклус.
менструација | ж.
Месечно крвавење од матката кај жените во периодот на полова зрелост.
мента | ж.
Лековито растение со ситни цветчиња и пријатен мирис; нане; Mentha.
ментален | прид.
Што се однесува на свеста и на духот; духовен, душевен. Заостанат ментален развој.
менталитет | м.
Збир од душевни особини и склоности на еден човек или на определена човечка заедница. Менталитетот на секој народ е различен.
ментол | м.
Лековито етерично масло од мента.
ментор | м.
Старател, воспитувач, учител.