менторство | ср.

Дејност на ментор. Под менторство на професорот се изработени многу магистерски и докторски дисертации.

менува | несв.

Прави да биде поинакво по содржина, по квалитет или изглед. Телевизијата секој месец ја менува програмата.

менувач | м.

Механичка направа во возилата за менување на брзините.

менувачка | ж.

Менување, промена.

менувачница | ж.

Место (објект, просторија, шалтер) каде што се разменуваат пари од разни валути.

менует | м.

Стар француски танц за двојки во тричетвртински такт.

Менхетен | м.

Остров во составот на Њујорк, САД.

мера 1 | ж.

Единица за определување на некоја големина (должина, ширина, површина и др.); мерка. Мера за должина.

мера 2 | ж.

Слободна земја оставена за пасиште.

мерак | м.

Силна желба, копнеж, страст за нешто. Голем мерак има да пее.2. Момче, љубовник, маж. Меракот си го чекаше.