мерка | ж.

мера2. Дејство што се презема однапред поради претпазливост. Ги презеде сите мерки.

мерка | несв.

Гледа тајно, набљудува внимателно. Секоја вечер ги меркаше девојките.

меркантилен | прид.

Што се однесува на трговија, трговски. Меркантилна стока.

меркантилизам | м.

Економска теорија од времето на раниот капитализам која се залага за зголемена надворешна трговија како главен извор на благосостојба и ги штити интересите на трговската буржоазија.

меркантилист | м.

Приврзаник на меркантилизмот.

мерка се | несв.

Се покажува малку, се појавува одвреме-навреме. Многу ретко се меркаш кај нас.

мерлив | прид.

Што може да се измери. Мерлив успех.

мермер | м.

Вид камен со средна тврдост со варовит состав, погоден за обликување, што се користи за изработка на скулптури и во архитектурата.

мермерен | прид.

Што е од мермер. Мермерни скали.

мерне се | св.

Се појави, се покаже за миг. Во главата му се мерна мислата за болното дете.