мерник | м.

мерило.

меродавен | прид.

Што има право да донесува решенија; надлежен, овластен. Судот е меродавен за тој проблем.

мерџан | м.

Корал, украс од корал.

мерџанов | прид.

Што е од корал, корален. Мерџанов ѓердан

месар | м.

Човек што работи во кланица или во месарница.

месарија | ж.

(истор.) Жена што е на ред определено време да ги води домашните работи во семејството, дежурна домаќинка.

месарница | ж.

Продавница за месо.

месач | м.

Тој што меси.

месачка | ж.

месарија.

месен | прид.

Што содржи месо, што е од месо. Месна паштета. Месни производи.