мераклија | м.
Човек што има мерак за нешто или што сè прави со мерак. Тој е голем мераклија.
мерач | м.
Човек што мери.
мерен | прид.
Што служи за мерење. Мерни броеви. Мерни инструменти.
мери | несв.
Определи големина, размер, количество на нешто. Ја мери должината на собата. Мери со линијар. Мери на вага.
меридијан | м.
Замислена кружна линија што минува низ двата пола на Земјата.
мерило | ср.
Некакво обележје врз основа на кое се донесува оценка или став за нешто; критериум. Неговото однесување станува мерило за тоа како сите треба да се однесуваме.
меринизација | ж.
Облагородување на домашните видови овци со вкрстување со мерино-овни.
меринизира | св. и несв.
Прави, направи меринизација. Ги меринизира овците.
мерино | ср.
Мека волна од мерино-овца.
мериторен | прид.
Што е полноважен, меродавен, надлежен, компетентен. Мериторно решение.