метил 2 | м.
а) Паразит што се развива во црниот дроб на овците и на друг добиток; Distomum hepaticum. б) Болеста што ја предизвикува тој паразит.
метилав | прид.
Што има метил, што е болен од метил. Метилава овца.
метилалкохол | м.
Алкохол што се добива со сува дестилација на дрво.
метилоса | св.
Фати метил, се разболи од метил. Овците се метилосаа.
метка | несв.
Фрла, расфрла, растура. Ги меткаше книгите насекаде.
метка | ж.
Голема дрвена метла којашто служи за одделување на зрното од плевелот при вршидба.
метла | ж.
Направа од поврзани стебла на некои растенија или од синтетичко потекло со куса или со долга рачка, што служи за метење.
метлар | м.
Тој што прави и продава метли.
метларка | ж.
Машина за метење јавни површини, улици и сл. Општината купи две метларки.
метларница | ж.
Продавница каде што се изработуваат и се продаваат метли.