метне | св.
Фрли. Децата метнаа камен во прозорецот.
метод | ж.
Начин, пристап, пат по кој се води едно теоретско истражување или практично дејствување. Научен метод. Истражувачки метод. Колективна метода на работа
методика | ж.
Збир од методи за теоретско обучување во нешто или за практично извршување на некоја работа.
методичар | м.
Специјалист по методика.
методичен | прид.
Што се врши по одреден метод, план; плански, систематски. Методичен пристап.
методологија | ж.
Научна дисциплина што ги испитува и критички ги оценува различните општи и посебни научни методи.
метонимија | ж.
Јазично изразно средство на пренесување кога со називот на еден предмет или поим се именува друг поради нивната блиска врска: луди години наместо младост, огниште наместо родна куќа.
метох | м.
Манастирска земја, манастирски имот. Нивата е метох на манастирот.
метража | ж.
Должина на нешто изразена во метри. Штофот го продаваат на метража.
метреса | ж.
Љубовница, жена материјално издржувана од љубовникот.