метри | несв.

Реди нешто, обично дрва, во кубни метри.

метрика | ж.

(лит.) Наука за структурата на стихот, за неговиот ритам.

метро 1 | ср.

Подземна градска железница.

метроном | м.

Направа за мерење на тактот во музиката.

метропола | ж.

Граддржава во стара Грција во однос кон населбите што ги основал тој во други земји.

метузалем | м.

Многу стар човек (од Метузалем, човек од библиска приказна што живеел близу 1000 години).

меур | м.

Клобурец од вода или од сапун.

меурав | прид.

Што е со меури, што е како меур. Меурава кожа. Меуравите соништа се распукнаа.