механизам | м.

Внатрешен склоп составен од делови при што со придвижување на еден дел се предизвикува придвижување и на останатите делови по одреден ред. Механизам на часовник.

механизација | ж.

Машини во определен процес на производство. Фабриката требаше да набави нова механизација.

механизира | св. и несв.

Воведе, воведува машини во производството. Откако се механизираа, го зголемија производството.

механика | ж.

Дел од физиката што ги проучува законите на силата, движењето и рамнотежата на телата.

механичар | м.

Стручен работник што склопува и поправа машини и апарати.

меца | ж.

Баба Меца

мецена | м.

Покровител на науката и на уметноста.

мецосопран | м.

Среден женски пејачки глас, помеѓу сопран и алт.

меч 1 | м.

Старинско ладно оружје со долго метално сечило, за сечење и бодење, со рачка.

меч 2 | м.

Натпревар. На вчерашниот меч, домашната екипа се покажа поуспешна