мечтател | м.

Тој што мечтае; сонувач, фантазер.

мечтателен | прид.

Што е склон кон мечтаење, што изразува мечта. Имаше смел и мечтателен дух.

мечувалец | м.

Тој што се бори со меч, што е вооружен со меч.

мечувалиште | ср.

Простор определен за мечување.

мечување | ср.

Глаголска именка од мечува се.

мечува се | несв.

Се бори со некого со меч. Витезите се мечуваа на карпата.2. Настапува во спортска дисциплина мечување.

меџидија | ж.

Стара турска сребрена монета. Откупот со бели меџидии го плати.

меџлис | м.

Собрание. Селскиот меџлис така реши.

меша | несв.

Тура, сипе (течни, ситни, издробени итн.) нешта и ги соединува, прави смеса, мешавина. Домаќинката со дрвена лажица го мешаше брашното со вода.