мечар | м.
мечка | ж.
Крупно диво животно обраснато со кафеаво, црно или бело крзно, се одликува со тромавост на движењата; Ursus arctos.
мечкар | м.
Тој што води дресирана мечка.
мечкарев | прид.
Што му припаѓа на мечкар.
мечкин | прид.
Што се однесува на мечка, што потекнува од мечка. Мечкина шепа.
мечовиден | прид.
Што е во вид на меч.
мечок | м.
Мажјак на мечка.
мечоносец | м.
Тој што носи меч, што е вооружен со меч.
мечта | ж.
Тоа што е плод на вообразувањето, што е претставено во мислите; вообразба. Сонуваше еден ден сите мечти да ги претвори во стварност.
мечтае | несв.
Мисли за нешто убаво, недостижно, се препушта на мечти; сонува, фантазира. Мечтаеше да стане богат и славен.