милиција | ж.

(истор.) Вооружена формација задолжена за чување на редот и сигурноста на граѓаните при немање своја војска.

милиционер | м.

Припадник на милиција.

миличок | прид.

милја | ж.

Мера за должина.

милје | ср.

Околина, опкружување, средина. Општествено милје.

милка се | несв.

Се умилкува, се додворува некому. Детето ѝ се милкаше на мајката.

милне | св.

Погали со рака. Го милна кучето по главата.

миловиден | прид.

Што е мил, убав. Беше кротка, миловидна жена.

милогласен | прид.

Што има мил глас. Беше милогласен.