минато | ср.
Време што поминало, што било порано; сегашност, иднина. Заборавени песни од минатото. Блиско минато. Далечно минато.
минатогодишен | прид.
Што е од претходната година. Минатогодишни оценки.
минатонеделен | прид.
Што е од претходната недела. Минатонеделна емисија.
минѓуша | ж.
миндер | м.
Одар за седење покрај ѕид.
миндерлак | м.
мине | св. и несв.
Се движи, врви, поминува покрај некого или нешто. Минавме покрај нејзината куќа.
минеј | м.
Во православната црква – книга со текстови за светителите распоредени по денови за секој ден во месецот.
минер | м.
Тој што минира.
минерал | м.
Природно неорганско хемиско тело што се наоѓа во Земјината кора или на површината, со постојан хемиски состав и утврдени физички својства и утврдена специфична внатрешна кристална структура.