минерален | прид.
Што се однесува на минерали, што содржи минерали. Минерална хемија. Минерална вода.
минерализација | ж.
Процес на создавање минерали, претворање во минерал.
минералог | м.
Специјалист по минералогија.
минералогија | ж.
Наука за проучување на составот и својствата на минералите.
мини | прид.
Во модата – должина на здолниште или фустан над колената; Миниздолниште.Секогаш носи минифустан.
минибус | м.
Мал автобус за превоз на патници.
минијатура | ж.
Тоа што е мало, намалено во однос на обичното во својот вид; модел на нешто во намален вид. Детето толку личеше на таткото што беше како негова минијатура.
минијатурен | прид.
Што е многу, необично мал. Минијатурна книга. Минијатурна куќа.
минијатурист | м.
Уметник што изработува минијатури, специјалист за минијатури.
минимален | прид.
Што е најмал, најситен, незначаен; максимален. Минимална цена. Минимална разлика.