бесшеќерен | прид.

Што е без шеќер, незасладен, незашеќерен. Бесшеќерен чај.

бесшумен | прид.

Што е без шум, што не предизвикува звук; нечуен, тивок. Бесшумен чекор. Бесшумна ноќ. Бесшумни бранови.

бетер | прид.

Прид. Полош. Бетер од животно те сметаат.

бетон | м.

Градежен материјал, смеса од цемент, песок и вода. Квалитетен бетон. Кашест бетон. Студен бетон. Скали од бетон.

бетонира | св. и несв.

Постави, поставува бетон, обложи, обложува со бетон. Соседите ја бетонираа патеката.

бетониран | прид.

Што е обложен со бетон. Бетониран под.

бетономешалка | ж.

Машина за мешање бетон. Нова бетономешалка.

бетонски | прид.

Што е од бетон. Бетонски столб. Бетонска ограда.

бечвар | м.

Кројач на бечви. Стар бечвар. Добар бечвар.

бечви | и.

Дел од машката носија, шајачни панталони со посебен крој. Износени бечви. Бели бечви со црни гајтани. Две рала бечви. Волнени бечви.