бешлик | м.
Стара турска сребрена монета од пет гроша. Куп бели меџидии, бешлици, златни лири.
беј | м.
Со имиња: Арслан беј, Мурат беј и сл.;
бејзбол | м.
Игра со дрвени палки и мала топка, меѓу два тима со по девет играчи
Бејрут | м.
Главен град на Либан.
беља | ж.
Зло, несреќа; штета. Ќе стане некоја беља ноќеска или утре. Каде и да оди само бели прави. Голема беља се стори, изгореа повеќе куќи.
бељаџија | м.
Тој што прави беља. Малечок е, ама голем бељаџија.
беќар | м.
Неженет човек, момче, ерген. Стар беќар. Селски беќар. Двајца беќари.
беќарство | ср.
Период на животот што се минува како беќар. Младо беќарство.
беќарува | несв.
Оди беќар, ергенува. Тој уште беќарува.
беќарштина | ж.