беџ | м.
Значка, обележје. Голем беџ. Беџ со натпис. Повеќе беџови. Два беџа.
би | чест.
Формообразувачка, за образување можен начин (потенцијал). Тој би викнал, би зборувал. Тие би останале.
би | св.
Стана, се случи. И би светлост. Би свадба и помина.
би- | претс.
Претставка во зборови од туѓо потекло со значење два, на пр.: биполарен, билингвален, бигамија, бинокл.
библиограф | м.
Составувач на библиографија. Научен библиограф. Личен библиограф.
библиографија | ж.
Список на објавени дела од определена област или на објавени трудови од определен автор.
библиотека | ж.
Збирка книги. Голема библиотека. Богата библиотека. Лична библиотека.
библиотекар | м.
Лице со стручна подготовка оспособено за работа во библиотека и со специјалните фондови и ракописи. Библиотекар за специјализирана библиотека. Љубезен библиотекар, секогаш подготвен да услужи.
библиотекарство | ср.
Севкупната дејност на библиотеките и библиотечните работници. Библиотекарството во Македонија многу напредна. Неговото библиотекарство го паметат многу генерации.
библиотечен | прид.
Што се однесува на библиотека, што припаѓа на библиотека. Библиотечен фонд. Библиотечен каталог. Библиотечна ознака. Библиотечна секција.