библиофил | м.
Љубител на книги. Голем библиофил. Библиофил на стари книги.
библиски | прид.
Што се однесува на Библијата, што припаѓа на Библијата. Библиска историја. Библиски текст.
Библија | ж.
Збирка од стари канонски текстови кај Евреите и христијаните во два дела: Стар завет и Нов завет; Свето писмо. Словенскиот превод на Библијата го направиле браќата Кирил и Методиј
бива | несв.
бивак | м.
Војнички логор за привремен престој.
бивакува | несв.
Престојува во бивак, логорува.
бивол | м.
Преживар од родот на говедата со црна кожа и јаки рогови; Bos bubalus. Црн бивол. Два бивола. Џевгар биволи.
биволар | м.
Тој што води, чува биволи.
биволица | ж.
Женка од бивол. Млеко од биволица. Стадо биволи и биволици.
бивш | прид.
Поранешен, некогашен. Бивш учител. Бивши комита. Бившиот претседател. Бивша сопруга. Бивши чорбаџии