бигамист | м.
Маж што живее во бигамен брак.
бигамија | ж.
Брачна заедница на еден маж со две жени. Бигамијата во многу земји се казнува. Некои граѓани живеат во бигамија.
бигор | м.
Шуплив варовит камен што се создава во извори и слапови. Шуплив бигор. Плочи од бигор.
бигорен | прид.
Што е од бигор. Бигорен камен. Бигорна земја.
бигориште | ср.
Место со бигорен камен. Бигоришта под Чука.
бигорлив | прид.
Што содржи бигор; варовит. Бигорлив предел. Бигорлива вода.
бигороса | св.
Фати бигор. Лонецот бигороса од водата.
биготизам | м.
Претерана набожност, верска заслепеност.
биде | ср.
Вид мала порцеланска када во санитарна просторија што служи за подмивање. Бело биде. Италијански бидеа.
биде | св.
Како самостоен полнозначен глагол само со формите за идно време се доближува до значењата стане, се случи, има. Не оти од овие ќе биде луѓе, велеше татко ми. Ќе биде и тоа ќе биде, само да сме живи и здрави. Ќе биде кркање! Војна ќе биде! Утре ќе биде таква збрка што не ќе можам ни да се видам со него.