бидермаер | м.

(само едн.) Декоративен стил во применетата уметност во првата половина на 19 век. Во стил на бидермаерот.

бидејќи | сврз.

За поврзување зависносложени причински реченици. Не излегов бидејќи не ме пуштија.

бидува | несв.

Во функција на спојка во именскиот прирок. Димитар бидува затворен и спроведен прво во Битола, а потоа во цариградската зандана. Тој бидува натоварен со таа задача.

бие | несв.

Тепа, удира. Таткото го биеше синот. Стопанот го биеше магарето со ластегарка.

биенале | ср.

Културна манифестација што се одржува секоја втора година. Второ биенале. Биенале на народни песни и игри.

бижутерија | ж.

Накит од евтини материјали што заменува скапоцен. Злато или бижутерија. Колекција од убава бижутерија. Се занимава со бижутерија.

бизарен | прид.

Необичен, чуден. Бизарен детаљ. Бизарна слика.

Бизерта | ж.

Град во Тунис.

бизмут | м.

Метал, обично служи за градење легури; симбол Bi.