бизнис | м.

Работа, деловност, ангажираност во некоја дејност што донесува економска корист.

бизнисмен | м.

Лице што се занимава со бизнис, деловен човек, трговец. Бизнисмен од странство. Богат бизнисмен.

бизон | м.

Преживар од родот на диви говеда, особено развиен и обрастен во предниот дел на телото, со куси нозе. Црн бизон. Бизон бафало.

бик | м.

Нескопено говедо што најчесто служи за приплод. Млад бик. Разјарен бик. Два полудиви бика.

бикарбонат | м.

Сол на јаглеродната киселина. Сода бикарбонат. Натриумов бикарбонат.

бикини | и.

Дводелен женски костим за капење со минимални димензии. Атрактивна девојка во бикини.

биланс | м.

(екон.) Состојба на приходите и расходите за определен период. Годишен биланс. Позитивен биланс. Трговски биланс. Платен биланс.

билансен | прид.

Што се однесува на биланс. Билансен ефект. Билансно салдо.

билансира | св. и несв.

Направи, прави биланс. Сметководството ги билансира приходите и расходите.

билатерала | ж.

Заемна обврска, двостраност.