Бистра | ж.

Планина во Македонија.

бистри | несв.

Прави нешто да биде бистро. Специјални филтри ја бистрат водата. Рибата чистач ја бистри водата во аквариумот.

бистрина | ж.

Својство на тоа што е бистро, проѕирност. Позната е бистрината на Охридското Езеро.

бистрица | ж.

Бистра вода.

бистро | ср.

Мал ресторан за брза храна, експрес-ресторан. Бистро на плоштадот. Неколку бостроа во центарот на градот.

бистроумен | прид.

Што е со бистар ум; Бистроумен човек.

бистроумник | м.

Тој што е со бистар ум. Познат бистроумник.

бит | м.

Општите животни услови, обичаи и традиции на еден народ. Македонски бит. Патријархален бит.